Fatih Hafız Mehmet
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб денес соопшти дека во изминатите 24 часа во северна Сирија, турските сили и коалицијата предводена од САД неутрализирале 56 терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Опозициските специјални сили ги продолжија своите операциии за расчистување на Ал Баб од терористите на ДЕАШ преземајќи две населби“, се вели во соопштението.
Турските копнени сили уништија 90 позиции на ДЕАШ, додека турските борбени авиони уништија 14 позиции на ДЕАШ како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Во соопштението се додава дека од вкупно 56 терористи, 11 се неутрализирани во воздушните напади спроведени од коалицијата предводена од САД. Во нападите исто така уништено е и едно возило на терористичката група.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна на 24 август 2016 година со цел зајакнување на безбедноста, поддршка на коалициските сили и елиминирање на терористичката закана долж сириско-турската граница.