Merve Yıldızalp
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, денес во Анкара истакна дека Слободната сириска војска, со поддршка на турските сили, ја презеде контролата на целиот Ал Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целосното завршување на операцијата во Ал Баб е многу блиску. Слободната сириска војска, со поддршка на турските вооружени сили (ТСК), ја презеде контролата на целиот Ал Баб. Меѓутоа, продолжуваме со големо внимание поради можноста од самоубиствени бомбашки напади на терористите на ДЕАШ. Токму поради тоа Турските вооружени сили и силите на Слободната сириска војска ја спроведуваат фазата на чистење на теренот од терористички елементи“, рече Куртулмуш.
Куртулмуш изјави дека Турција и понатаму ќе има ист став, како што рече, кон сите терористички организации.
„Турција, без оглед на она што би го направиле другите земји, никогаш нема да го промени принципот на 'еднаква оддалеченост' во однос на терористичките организации. ДЕАШ и ПЈД и понатаму ќе имаат статус на терористички организации“, рече Куртулмуш.