Mücahithan Avcıoğlu
24 Октомври 2025•Ажурирај: 25 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Аеродромот „Истанбул“ и минатата недела беше најпрометниот аеродром во Европа, со просечно 1.556 летови дневно, соопшти денес министерот за транспорт на Турција, Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу.
Според податоците за периодот од 13 до 19 октомври, Аеродромот „Истанбул“ повторно ги надмина аеродромите во Амстердам, Франкфурт, парискиот Шарл де Гол и лондонски Хитроу.
На истата листа, аеродромот во Анталија, едно од најпознатите туристички одморалишта на турската ривиера, се најде на деветтото место со просечно 957 летови дневно.
Уралоглу наведе дека, според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Eurocontrol), Турција се рангирала на шестото место во Европа според обемот на авионски сообраќај, со просечно 3.841 лет дневно во истиот период, оставајќи зад себе земји како Грција, Холандија, Полска и Норвешка.
Дополнително, Аеродромот „Истанбул“ се најде на седмото место во светот меѓу 25-те најголеми глобални аеродроми, со просечно 790 полетувања дневно во периодот од 13 до 19 октомври.