Ali Murat Alhas
17 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска рече дека Шведска и Финска пружиле политичка, финансиска и воена поддршка на терористички организации, потег кој претставува закана не само за Туркије туку исто така и за НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи пред новинарите по дводневниот собир на шефовите за одбраната на НАТО во Брисел, Акар се осврна на важните прашања, вклучително и загриженоста на Туркије за можното членство на Шведска и Финска кон Воената алијанса.
Акар рече дека ограничувањата за оружје наметнати на Туркије исто така му наштетиле на НАТО и не се во согласност со духот на Алијансата.
Тој истакна дека Туркије запленила бројни противтенковски оружја AT-4 од шведско производство за време на нејзините антитерористички операции во северна Сирија и Ирак, а овој доказ беше споделен со официјалните лица на состанокот на НАТО.
„Од една страна тие велат ’да станеме посилни и обединети против сите видови на закани против НАТО‘, но од друга страна, на Туркије му е воведено ембарго на оружје. Плус се обезбедува неограничена поддршка за терористичките организации“, рече тој.
Истакнувајќи дека Туркије е единствената земја на НАТО која се бори со тероризмот на повеќе фронтови, тој рече дека неговата земја е последна граница што го спречува тероризмот во Европа.
Шведска и Финска се под притисок од Туркије да стават крај на нивната поддршка на терористичката организација ПКК/ЈПГ ако сакаат да се приклучат кон НАТО, а Анкара вели дека блокот е безбедносна алијанса и дека сите потенцијални членки мора да заземат јасен став против тероризмот.
Во терористичката кампања против Туркије што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња.