Mustafa Kurt
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
АНТАЛИЈА (AA) - Мустафа Курт- Аланија, која се наоѓа во анталискиот регион, е позната туристичка атракција која привлекува туристи од сите делови на светот. Ја нарекуваат уште и како „град каде сонцето се насмевнува", пишува Anadolu Agency (AA).
Плажите Клеопатра, Кејкубат и Дамлатас во текот на целата година се место за одмор со бројни туристи кои со задоволство ја избираат Аланија.
Сместена е на брегот на Медитеранот во големиот Анталиск изалив помеѓу планината Таурус на северот и Средоземното море на југ. Се работи за град кој никогаш не спие.
Со доаѓањето на султанот Селџук Аладин Кијкубада Први, го доби денешното име и бројните згради, кои станаа нејзин заштитен знак. Низ градот во должина од 80 километри се протега познатата Клеопатрина плажа.
Таа е причина поради која туристите не ја посетуваат Аланија само во текот на летото туку и во текот на целата година. Сакајќи градот да го заштитат од напади, султатон наредил да се изгради северен ѕид долж брегот и голема кула која денеска е позната под името Црвена кула.
Препознатлива е по црвената боја на тулите и имресивната архитектура. Денеска музејот е една од незаобиколните туристички атракции. Тука се пештерите Дим и Дамлаташ во кои се наоѓаат прекрасните сталактити и сталагмити.
Претседателот на Здружението на туристички работници Бурхан Сили во разговор за АА рече дека Аланија е туристички актина во текот на сите четири годишни периоди.
Аланија во античкиот период била поморска база позната под името Корацесиум. Сили истакна дека температурата и во октомври достигнува до 30 степени Целзиусови.
„Вака ќе биде и во ноември. Во море се влегува и во јануари, февруари и март. Се бањаат и сончаат посебно туристите кои доаѓаат од земјите во коишто е постудено времето", рече Сили.
Аланија највеќе ја посетуваат туристи од Русија, Германија, скандинавските земји но и од источна Европа.