Sevil Çelik
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Турција ја води најголемата борба против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме земја која ја води најголемата борба против ДЕАШ. Низ таа борба ние говориме дека ДЕАШ нема никаква врска со исламот. Ова го повторуваме на секој меѓународен состанок, на состаноци со претставници на исламските земји", истакна Ердоган.