Gökhan Ergöçün
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција на патот кон растoт оваа година најлошото го остави зад себе, истакна турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Негативната стапка на раст од 3 отсто во последниот квартал од 2018 година се случи според очекуваното“, напиша денес Албајрак на социјалната мрежа Твитер.
„Ние започнавме со намалување на инфлацијата и моменталниот дефицит во периодов кога обезбедивме внатрешен и надворешен баланс“, додаде тој.
„И покрај стеснувањето во последниот квартал, позитивниот придонес на нето надворешната побарувачка за раст од 9,7 отсто беше важен знак за процесот на балансирање“, рече тој.
„Ние веруваме дека Турција ќе продолжи о растот во 2019 година според очекуваното во рамките на новата економска програма, како резултат на позитивниот развој на финансиските пазари, трендот на опаѓање на инфлацијата, подобрувањата во водечките показатели, преземените чекори во пристапот до финансии и мобилизирањето на вработеноста“, истакна тој.
„Сегашните податоци за 2019 година покажуваат дека економијата започнала со брзо закрепнување и забавувањето на растот одразува привремена ситуација“, нагласи тој.
Тој додаде дека зголемувањето на извозот и приходите од туризмот ќе бидат главни двигатели на растот.
„Во рамките на новата економска програма, ние ќе продолжиме да импплементираме политики кои ќе го намалат моменталниот дефицит, ќе ја зголемат општата благосостојба и ќе го зголемат производството со додадена вредност“, изјави Албајрак.
Турската економија порасна за 2,6 отсто во 2018 година и се намали за 3 отсто во последниот квартал од 2018 година, на годишно ниво, објави денес Турскиот институт за статистика.
Турција, според новата економска програма објавена минатиот септември, има за цел да достигне економски раст од 2,3 отсто оваа година, 3,5 отсто во 2020 година, а 5 отсто до 2021 година.