Büşra Nur Bilgiç
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во воздушните напади на турските сили изведени во текот на денешниот ден во северен Ирак уништени се складишта за муниција и засолништа на терористичката ПКК, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од турското Министерство за одбрана се вели дека нападите биле насочени кон позициите на ПКК во регионите Зап и Гара.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.