Buket Güven
05 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
АНКАРА (AA) - Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, проф. д-р Фахретин Алтун, остро го осуди нападот на израелската војска врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency во Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алтун преку Твитер реагираше против нападот на Израел врз зградата во која се наоѓа и канцеларијата на АА во Газа.
„Најостро го осудуваме тоа што израелската војска ја гаѓаше зградата во која се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency во Појасот Газа. Ги покануваме западните земји кои тврдат дека се сензитивни во врска со слободата на медиумите, да ја осудат израелската Влада. Нека му е со помин на семејството на Anadolu Agency кое е наша гордост“, нагласи Алтун.