Zafer Fatih Beyaz
27 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, остро го осуди нападот врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот во нападот и до братскиот народ на Азербејџан, а на повредените им посака брзо закрепнување.
„Напаѓач утринава со автоматско оружје „Калашников“ го застрела шефот на службата за безбедност на Азербејџанската амбасада. Двајца работници од обезбедувањето на Амбасадата се повредени додека го спречуваа нападот“, соопшти претходно Министерството за надворешни работи на Азербејџан.
„Осомничениот за нападот е приведен“, потврди техеранската полиција.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан го осуди нападот и најави дека Амбасадата на Азербејџан во Техеран ќе биде евакуирана.
Иран и Азербејџан делат граница, а Иран е дом на голем број етнички Азербејџанци.