Mümin Altaş,Orhan Onur Gemici
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
АНКАРА (AA) - Најмалку шест лица се повредени во денешната поплава која зафати неколку населби во главниот град на Турција, Анкара, а посебно општината Мамак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дојде до катастрофа која до денеска тука не е забележана. Повредени се шест лица, но ниту едно од нив не е во животна опасност“, рече за Anadolu Agency градоначалникот на општината Мамак, Мустафа Туна.
Додаде дека се многу тажни поради поплавата која ја зафатила оваа населба и дека единствена утеха е што нема загинати.
Со поплавите се зафатени и неколку делови на градот Анкара, но најмногу е погодена општината Мамак, каде што водата носела паркирани автомобили, па дури и мали камиони.
Водата поплавила и некои деловни простории во турскиот главен град. Еден од жителите, Фатил Ердоган, изјави дека водата се појавила одеднаш.
„Водата носеше автомобили. Уништи деловни простории“, додаде Фатих.