Orhan Onur Gemici,Barış Gündoğan
05 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Главниот град на Турција, Анкара, беше погоден од силно невреме кое резултираше со поплави кои уништија десетици возила во попладневните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Времето негативно влијаеше на секојдневниот живот во Анкара. Поплавите најмногу ја погодија населбата Мамак, каде што водата ги носеше паркираните автомобили.
Десетици возила се уништени, а на некои им е направена помала материјална штета. Противпожарните и тимовите за Цивилна заштита се на терен.
Водата поплави некои деловни простории во овој дел од турскиот главен град. Еден од жителите, Фатих Ердоган, рече дека водата се појавила одеднаш.
„Водата носеше автомобили, ги уништи деловните простории“, додаде Фатих.