Süleyman Elçin
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНТАЛИЈА (АА) – Најпознатите плажи во Анталија, главниот град на туризмот во Турција, поради мерките преземени во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, ги живеат најтивките денови во својата историја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Светски познатите плажи на Анталија, кои беа домаќини на 15 милиони странски туристи минатата година, снимени се од хеликоптер на жандармеријата, која го контролира спроведувањето на мерките поради Ковид-19.
Уникатно убавите плажи долги со километри кои се наоѓаат помеѓу центарот на Анталија и општината Аланија, се оставени сами на себе. Се забележува дека на познатите плажи во туристичките региони Лара и Кунду, и во областа Манавгат и Аланија нема ниту едно лице.
Местата за спортување и огромните базени на луксузните хотели, кои се истакнуваат со својот раскош, се исто така празни.
Според сезоната во која се наоѓаме, на плажите на хотелите би требало да се забележува раздвиженост, но лежалките таму се празни.
Паркот Фалез во градот во којшто илјадници луѓе се шетаат секој ден и околината на водопадот Даден ги живеат најтивките денови. Аспендос и античкиот град Сиде, кои вообичаено се многу посетени од страна на туристите, исто така се празни.