Diyar Güldoğan
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
МАРДИН (АА) - Турските безбедносни сили утринава изведоа опсежна антитерористичка акција во која во југоистониот регион Мардин убиени се најмалку пет припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата е изведена во градот Даргечит кој се наоѓа 40 километри северно од турско-сириската граница.
Во текот на размената на оган помеѓу турските сили и терористите, ранети се тројца цивили, меѓу кои и едно дете.
Поради зголемените терористички закани во споменатиот град, во петокот на сила стапи полициски час и зајакнати мерки на безбедност.
Припадници на терористичката организација ПКК ги интензивираа активностите од крајот на јули оваа година. Турските сили на безбедност оттогаш спроведуваат опсежни антитерористички акции во тек на кои досега животот го изгубија 180 војници, а убиени се околу 1.700 терористи.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската унија.