Ahmet Alp Özden
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
АНКАРА
Претседателот на Партијата за национално движење (MHP) на Турција, Девлет Бахчели, денес изјави дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, со изјавата за настаните од 1915 година нанел долгорочна штета на билатералните односи на двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бајден со изјавата за настаните од 1915 година нанесе долгорочна штета на билатералните односи, чија санација ќе трае долго“, порача Бахчели и продолжи со зборовите:
„Господине претседател, престанете да сметате во Белата куќа ‘Како да ја уништам Народна алијанса на Турција, како можам да ја омаловажам оваа алијанса, како да ја оцрнам турската историја’ и имајте на ум дека вие не можете да бидете ниту последната земја која ќе го клевети турскиот народ за наводен геноцид“
Според Бахчели, Бајден со оваа изјава покажал дека е далеку од реалноста.
„Сметам дека односите на Турција и САД се на историска раскрсница, секоја одлука на државниот врв во врска со тоа ќе ја поддржиме безрезервно“, порача Бахчели и напомена дека Турција меѓу приоритетите треба да ја има наплатата на средствата вложени во заедничкиот развој и производството на воените авиони од типот Ф-35.