Esra Kaymak
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ХАТАЈ (АА) - Според турските власти денес, бројот на повредени циливи што се лекуваат во турските болници се зголеми 423 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите од Алепо пристигнаа во Турција откако беа евакуирани од овој сириски град.
Според информациите добиени од Генералниот директорат за печат и информации, 62 од 423 повредени цивили им подлегнале на повредите, додека 90 биле отпуштени од болниците.
Во меѓувреме, 152 други лица биле пренесени во болниците во другите области, а состојбата на 124 сериозно повредени лица останува непроменета.
Минатиот месец, сириските опозициски сили и режимот со посредство на Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот, со цел да се евакуираат цивилите од источен Алепо во безбедните области во Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
Досега, според турските власти, околу 44.000 лица се евакуирани од областа.
Турските фондации за помош и хуманитарните организации и понатаму обезбедуваат помош за евакуираните лица во Идлиб.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против про-демократските протести.