Sultan Çoğalan,Nazlı Yüzbaşıoğlu
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека до денес во странство се затворени или е преземена контрола над повеќе од 80 образовни установи што се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу во интервју за Anadolu Agency се осврна на актуелните случувања.
Тој зборуваше за борбата против ФЕТО, терористичката организација којашто се инфилтрираше во државните институции на Република Турција и воедно е одговорна и за обидот за државен удар во Турција, на 15 јули минатата година.
Кога е во прашање процесот за разоткривање на лицата поврзани со терористичката организација ФЕТО, Чавушоглу изјави дека на тоа се работи внимателно и на праведен начин.
Чавушоглу истакна дека и другите земји се информирани за случувањата во Турција од средината на јули минатата година, и дека Турција преку своите мисии, амбасади и конзулати пренела битни информации.
„Нашите амбасадори одржаа 88 состаноци на ниво на претседател на земјата, 110 на премиерско ниво. Тоа се отприлика две третини од земјите на ОН. На министерско ниво се одржани 816 разговори, парламентарци 1.620, и уште 6.707 состаноци со останати високи официјални лица и бирократи. Сето тоа е близу бројот 10.000“, изјави Чавушоглу.
Тој додаде дека освен дипломатските претставништва на Турција, во борбата против терористичката организација ФЕТО учествува и фондацијата „Маариф“. Оваа фондација ја презема контролата над образовните институции што се поврзани со ФЕТО.
„Досега се затворени или е преземена контролата над повеќе од 80 образовни установи. Организациите што дејствуваат како НВО се затвораат. Кога се во прашање училиштатата и другите образовни установи, тој процес е малку побавен, бидејќи не сакаме да им се нанесе штета на децата и на родителите“, изјави Чавушоглу.
Тој изјави дека досега во шест земји се затворени училишта поврзани со ФЕТО, во седум земји контрола над нив презела фондацијата „Маариф“, а во уште пет земји е во тек процесот за преземање контрола над овие училишта.
„Процесот на затворање или преземање контрола над училиштата е веќе извршен во некои африкански земји и во земји на Јужна Америка, потоа во Азербејџан, Либија, Јордан, Доминиканската Република и Хаити. Управата над училиштата е смената и во Судан и Пакистан. Судан сака да ја предаде на фондацијата „Маариф“. Во Пакистан има околу 10.000 ученици".
„Пакистан веќе направи одредени чекори и во наредниот период ќе го завршиме овој процес“, изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.