İlhan Toprak
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вечерва телефонски ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Претседателството на Турција, телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери е планиран за вечерва во 00:05 часот (по локално време во Турција).
Од страна на Белата куќа е потврдено дека телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп е дел од дневната агенда.