Sarp Özer
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (TSK) извршија воздушна интервенција на подрачјето Кани Раш, во северниот дел на Ирак, во која се неутрализирани шест терористи кои подготвувале напад на граничните единици и базното подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека продолжува неутрализирањето на упориштата на терористите во северниот дел на Ирак.
Авионите, по извршеното бомбардирање на упориштето на терористите на ПКК се вратија во базата.