Cankut Taşdan
25 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА (АА) - Тројца странски државјани осомничени за поврзаност со терористичката организација ЈПГ/ПКК се уапсени во главниот град на Турција, Анкара, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осомничените, за кои се верува дека се поврзани со терористичката организација во конфликтните зони во странство, се уапсени во истовремени операции, изјавија изворите кои сакаа да останат анонимни.
Во тек се акциите за апсење на уште едно лице.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.