Sarp Özer
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во воздушниот напад што турските вооружени сили (ТСК) го извршија вчера во околината на Сирт, југоисточна Турција, беа неутрализирани 13 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори велат дека добиле информации за положбата на сепаратистичката организација ПКК, по што авиони на воздухопловните сили го извршиле нападот.
По акцијата авионите од типот Ф-16 се вратени во базата.