Hakan Firik
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
БАЛИКЕШИР (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а две исчезнаа во бродоломот кој се случи рано утринава кога гумен чамец со бегалци потона во Егејското Море во близина на турскиот град Ајвалик, јавува Anadolu Agency (АА).
Локалниот функционер на Ајвалик, Намик Кемал Назли, за АА рече дека 22 лица со гумен чамец запловиле од Измир до грчките острови, и дека бродот потонал во бурата во близина Ајвалик.
"Досега од морето извлековме осум безживотни тела. Спасени се 12 луѓе, а според сведоштвата на преживеаните, се претпоставува дека уште две лица се исчезнати, а спасувачките екипи се на терен. Најверојатно се работи за бегалци од Алжир, Ирак и Сирија", рече Назли.