Ahmet Furkan Mercan
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили утринава уништија кампови на терористичката организација ПКК во северен Ирак, се вели во соопштението на армијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади врз кампови во Метин, Зап, Авасин-Басјан и во Гара, уништени се три пештери и четири бункери, се вели во соопштението на турскиот Генералштаб.
Исто така, во нападот е уништена област со три кампа, се вели во соопштението.
Воздушните сили спроведуваат чести воздушни напади врз објектите на ПКК во северен Ирак и во Турција, од јули 2015 година, кога терористичката организација ПКК ја продолжи својата децениска оружена кампања.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, од јули 2015 година е одговорна за смртта на повеќе од 1.200 лица.