Nilay Kar
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турција сака да ги подобри односите со Европската Унија (EУ), наместо да зборува за „загриженост“, изјави денес турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, јавува Anadolu Agency (AA).
Омер Челик, во соопштение по повод одбележувањето на 9. мај (Денот на Европа) рече: „Ние веруваме во заедничките вредности и придобивки на ЕУ и на Турција“.
„Наместо да зборуваме за 'загриженост', сакаме да зборуваме за тоа во кои области можеме да соработуваме со европските фондации и со земјите-членки, во претстојниот период“.
Тој исто така изјави дека Турција е подготвена за поддршка на ЕУ во нејзините моментални тешкотии.
„И покрај актуелните турбуленции во ЕУ, ЕУ ќе биде заштитена од ова, сѐ додека се придржува до нејзините силни и длабоко вкоренети вредности и принципи“, додаде тој.
Челик предупреди на зајакнувањето на ектремно десничарското расположение на контитентот:
„Сепак, екстремната десница, која е зајакната од исламофобијата и од противниците на миграцијата, е најзначајната закана за вредностите на ЕУ“.
„Исто така, јавните искази засновани на ваквиот говор на политичките лидери кои се претставници на екстремната десница и популистичките тенденции, резултираa со ерозија на овие вредности и принципи“.
„Турција уште од самиот почеток нагласи дека ЕУ треба да се дистанцира од неосновани стравови и предрасуди коишто го попречуваат нејзиниот развој и да се придржува до своите основни вредности“.
„Турција ќе биде најважен поддржувач на ЕУ во овој процес“, додаде Омер Челик.