28 Октомври 2023•Ажурирај: 28 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул, Туркије, започна Големиот митинг за Палестина, на кој присуствуваат илјадници граѓани од сите делови на Туркије, јавува Анадолу.
На просторот каде што се одржува митингот, на аеродромот „Ататурк“, поставена е огромна бина долга 60 метри и висока 14 метри.
На бината, на која се поставени визуелни елементи на турски знамиња, палестински знамиња и џамијата Ал Акса, поставени се шест посебни ЛЕД екрани, за учесниците да можат лесно да го следат митингот.
На собирот, покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и многу други турски официјални претставници, ќе присуствуваат и светски познатите уметници Јусуф Ислам, Махер Заин и Омер Караоглу.
Ердоган ги повика граѓаните на Големиот митинг за Палестина.
„Ги повикувам сите припадници на нашата нација на Големиот митинг за Палестина што ќе го одржиме (во сабота, заб. ав.) на аеродромот Ататурк во Истанбул, каде уште еднаш на целиот свет ќе му ја покажеме нашата солидарност со нашите палестински браќа.“, порача Ердоган.