Zeynep Çelikkol,Şafak Yel
21 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ИЗМИР (АА) - Безбедносните сили во егејската област Измир фатија 17 осомничени лица за поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките полициски тимови започнаа операција против лицата кои преку социјалните мрежи ширеа терористичка пропаганда во корист на ПКК/КЏК“, изјавија извори кои зборуваа под услов на анонимност.
Осомничените лица, вклучувајќи двајца официјални претставници од Народната демократска партија (HDP), се приведени.
За време на претресот во домовите на осомничените запленет е дигитален материјал.
Народната демократска партија (HDP) се товари за поврзаност со терористите на ПКК.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.