Riyaz Khaliq Khaliq
26 Ноември 2022•Ажурирај: 27 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Денес во Истанбул започна 38. министерски состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во областа на економијата и трговијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На четиридневниот состанок на Комисијата за економска и трговска соработка (COMCEC) ќе се дискутира за економските случувања во светот, со посебен осврт на земјите членки на Организацијата и нивната меѓусебната трговија.
Во првите два дена, претставниците на земјите членки ќе работат на предлог-агендата и резолуцијата за состанокот, како и на спроведувањето на програмата за акција на ОИЦ-2025.
Како што светот полека излегува од пандемијата на Ковид-19, на состанокот ќе се разговара и за социоекономското зајакнување на ОИЦ, а исто така се очекува фокусирање и на зајакнување на улогата на приватниот сектор и продлабочување на финансиската соработка меѓу членките на Организацијата за исламска соработка.
Подобрувањето на транспортот, комуникациите, развојот на одржливите и конкурентни туристички сектори, зголемувањето на земјоделската продуктивност со цел осигурување на обезбеденоста со храна и соработката за дигитална трансформација се останатите прашања што се очекува да бидат разгледани за време на четиридневниот состанок.
На состанокот се очекува да присуствува турскиот потпретседател Фуат Октај, како и министрите на земјите членки на ОИЦ.