Güç Gönel
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Мал авион за обука се урна денеска во европскиот дел на Истанбул, јавува Агенција Анадолија (AA).
Леталото падна на ливада во подрачјето на Бујукчекмече, а на местото на несреќата пристигнаа амбулантни, противпожарни, жандармериски и полициски служби.
Предниот дел, односно носот на авионот, заринкал во мекото тло, а надлежните служби со помош на јажиња го извадија на површината.
Од авионот потоа е извлечен повредениот пилот кој е префрлен во болница.