Halil Demir
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 80 лица се уапсени за време на акции спроведени во Истанбул поради сомнеж за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулските екипи за борба против тероризмот ги извршија акциите истовремено на 16 адреди во десет различни квартови. Поради сомнеж дека заминувале на боишта во Сирија и Ирак и дека биле во подготовка на напад во овој град, уапсени се 82 лица, меѓу кои 77 странски државјани.
За време на претресот се запленети повеќе документи, дигитален материјал и опрема која ќе биде користена како доказен материјал во продолжение на истрагата.