Meryem Göktaş
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија 51 странски државјанин во Истанбул поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, изјави полициски извор за Anadolu Agency (AA).
Единиците за борба против тероризмот истовремено извршија рација во девет земји за да ги уапсат осомничените кои, наводно планирале терористички напади, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.
Полицијата заплени документи од организацијата и дигитални алатки поврзани со ДЕАШ.
Безбедносните сили долго време се вклучени во кампања чија цел беше чистење на Турција од терористите на ДЕАШ.
Повеќе од 300 лица загинаа во нападите во Турција, за кои одговорност презеде ДЕАШ. Цел на терористичката организација беа цивили.