Havva Kara Aydın
02 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
СИРТ (АА) - Турската полиција приведе осум лица за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата во југоисточната турска област Сирт се случија по издавањето налози за 10 осомничени лица, а полицијата трага по уште двајца осомничени.
Турција во 2013 година ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во Турција изведени се многу напади од страна на терористите на ДЕАШ, вклучувајќи 10 самоубиствени, 7 бомбашки и 4 оружени напади, во кои загинаа 315 лица, а стотици беа повредени.
Како одговор на нападите, Турција започна воени и полициски операции во и надвор од земјата за спречување на терористички напади.