Gözde Bayar
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Вкупно 13 лица, кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, се приведени во Турција, соопштија безбедносни извори денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Осомничените коишто влегоа во Турција по нелегален пат и беа активни во Сирија и Иран, беа фатени во истовремени операции извршени од страна на антитерористичките тимови во Истанбул“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
За време на операциите се запленети документи и дигитален материјал.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.