Musab Turan
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Самитот за глобално финансиско учество (Global Participation Finance Summit-GPAS İSTANBUL), на кој Anadolu Agency (AA) е партнер за глобална комуникација, ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2017 година, во конгресниот центар „Халич“ во турскиот град Истанбул.
Во Истанбул, кој во текот на историјата во себе обединувал луѓе од различни религии, јазици и раси, и е наследство на човековите вредности, во 2016 година беше избран за „Главен град на човештвото“, се поставуваат темелите на еден нов финансиски систем. За концептот „хуманитарно финансирање“, кој во центарот го става човекот и хуманитарните вредности, и има за цел монетарен раст преку производство и инвестиција, ќе се дискутира на споменатиот самит во Истанбул, со учество на сите актери во финансискиот систем. ГПАС Истанбул ќе ги обедини лицата и институциите кои веруваат во духот на новата економија на споделување, која во преден план ги става хуманитарните вредности.
На овој настан, кој ќе собере над 10 илјади посетители од 50 земји, илјада корпоративни учесници, 100 претставници од сферата на приватниот капитал (Private Equity) и финансиски фондови, ќе учествуваат над 200 говорници. Во рамките на 75 различни сесии што ќе се одржат на овој настан, секторските претставници и бирократите, заедно со голем број академици од најпрестижните универзитети во светот, како Оксфорд и Харвард, ќе разговараат во врска со придобивките од хуманитарниот финансиски систем за општеството и за човештвото, за финансиските производи што можат да се развијат во овие рамки, како и за инфраструктурата на овие производи.
Самитот во Истанбул има за цел да се подигне свеста за „хуманитарните финансиски форуми“ и „форумите за иновација“, информирање за светот на хуманитарното финансирање преку „бизнис школи“, развивање нови инвестиции со „средбите за фондови и претприемачи“, размена на мислења преку „државни и индустриски форуми“, како и да се подигне свеста за хуманитарно финансирање со „програми за обука“.
Споменатиот самит ќе биде организиран под покровителство на Претседателството на Турција, во организација на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД), Унијата на турски банки (ТКББ), Сојузот на комори и берзи на Турција (ТОББ), и со поддршка на Секретаријатот за трезот при кабинетот на премиерот, Централната банка на Турција, Советот за регулатива и надзор на банкарството (БДДК), Советот за пазарен капитал (СПК) при кабинетот на премиерот, Управата за верски работи (Дијанет) и Советот за високо образование на Турција.