Havva Kara Aydın
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку шест терористи во операција поддржана од воздух во источна Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани од страна на жандармериските тимови како дел од операцијата „Јилдирим-3“ во руралните предели на Догубајазит во турската област Агри“, соопшти Министерството преку Твитер.
Не е наведено на која терористичка организација ѝ припаѓаат терористите, но во тој регион активна е терористичката организација ПКК.
Ова лето, Турција започна серија безбедносни операции за неутрализирање на терористите за кои се верува дека се кријат на истокот и југоистокот на земјата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.