Fatih Hafız Mehmet
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
ЕЛАЗИГ (АА) - Турските сили неутрализираа најмалку двајца терористи на ПКК во источната турска област Елазиг, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Се истакнува дека операцијата спроведена од страна на жандармериските сили против терористичката група во подрачјето на Ариџак, во Елазиг, сѐ уште е во тек.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.