İlkay Güder
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки се уништени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето на Хакурк, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.