Mehmet Tosun
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушната операција на Турските вооружени сили извршена во регионот на Зап, во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во воздушната операција во подрачјето на Зап, во рамките на операцијата „Канџа“, погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа и магацини за муниција.
Во рамките на операцијата неутрализирани се и двајца терористи на ПКК.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ), а во текот на повеќе од три децении, таа организација е одговорна за смртта на околу 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени.