Şener Toktaş
19 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
БИТЛИС (AA) - Командантот на турската жандармерија, мајорот Зафер Акус, загина денес во терористички напад на ПКК во источната турска област Бирлис, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, Акус престојуваше во посета на припадниците на безбедносните сили во местото Џалидуз, недалеку од Битлис, кога терористите на ПКК извеле ракетен напад на цивилно возило во кое се наоѓаше Акус.
Турскиот мајор во нападот е тешко повреден, а им подлегнал на повредите откако е префрлен во болница.
По нападот на терористите во регионот е покрената сеопфатна антитерористичка акција.