Aykut Karadağ
20 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Една од четворицата терористи кои се неутрализирани во копнената операција поддржана од воздух, во областа Кулп во Дијарбакир, е Мерјем Аксу, која се на наоѓа на портокаловата листа на барани терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Бројот на терористи што се неутрализирани во операцијата извршена од Командата на жандармеријата на 16 јули во областа Кулп, во Дијарбакир, се зголеми на 4“, се истакнува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението, исто така, се наведува дека една од четворицата терористи кои се неутрализирани е Мерјем Аксу, која се наоѓа на портокаловата листа на барани терористи. Мерјем Аксу со кодно име Сорхин Ерух наводно, била одговорна за односи со јавноста на групата „доршин“.
Од Министерството била распишана и награда од 600.000 лири (околу 100.000 долари) за нејзино пронаоѓање.