Havva Kara Aydın
24 Март 2020•Ажурирај: 24 Март 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денес изјави дека низ 40 градови во Турција со хеликоптери биле доставени лекови за Ковид-19 од Кина, што ќе бидат употребени за пациентите што се наоѓаат во центрите за интензивна нега, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Лековите, кои доцна синоќа пристигнаа во Анкара, со хеликоптери беа доставени низ 40 градови. Новите лекови ќе се користат за пациентите заразени со Ковид-119 кои се лекуваат во центрите за интензивна нега“, соопшти Коџа.
Тој нагласи дека Институтот за вакцини на турското Министерство за здравство ќе ги поддржи научниците да развијат вакцина против вирусот.
„Турција ќе го поддржи секој ветувачки напор од научниците. Турското Министерство за трговија е подготвено да обезбеди поддршка за истражувањата за вакцина за коронавируот“, додаде тој.
Според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 395.000, а бројот на починати е над 17.150, додека речиси 103.000 се излекувале.
Според последните официјални бројки, во Турција досега се детектирани 1.529 случаи на заразување со коронавирусот, а бројот на починати изнесува 37 лица.