Ferdi Türkten
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
АНКАРА
Во Турција, со фалсификувани документи е уапсен терористот на ДЕАШ, Б.А., кој се наоѓа на црвената листа на најбарани терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овој припадник на терористичката организација ДЕАШ е уапсен во специјалната операција што ја спроведоа тимовите на полициските единици во Анкара.
Се работи за терорист за кој е утврдено дека од Казахстан отишол во Србија за да се придружи на терористичката организација ДЕАШ, а таму дејствувал и во зоните на судири.
Тој исто така пружал логистичка поддршка на членовите на терористичката организација кои сакале да заминат во Сирија за да се придружат на ДЕАШ.
Терористот по нелегален пат влегол во Турција.
Разузнавачкиот оддел на Полициската управа на Анкара утврди дека терористот Б.А. со лажно такси планирал да дојде во Анкара, откако е испратен од Хатај, град во јужниот дел на Турција на границата со Сирија.
Кога лажното такси било во близина на Анкара извршена е акција во која се уапсени терористот Б.А. и возачот М.Ј. Кај терористот во таа прилика е пронајдена фалсификувана страна на личната карта.