Eren Bozkurt
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
АДАНА (АА) - Во турската област Адана е фатена припадничка на терористичката организација ДЕАШ против која Франција распиша црвена потерница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, екипите од полициската дирекција во Анкара открија дека во градот е дојдена 30-годишната припадничка на терористичката организација ДЕАШ, Сумаја Раиши, која се бара со црвена потерница од страна на француските власти.
Полициските екипи во населбата Намик Кемал во подрачјето на Сејхан ја приведоа припадничката на оваа терористичка организација со потекло од Тунис, а со фалсификувани сириски лични документи.
Раиши, која е опишана како опасна од страна на француските власти, е пренесена во полициската дирекција.