Enes Kaplan,Mümin Altaş,Sarp Özer
29 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган ги потврди одлуките на Врховниот воен совет, јавува Anadolu Agency (AA).
Според образложувањето што го даде портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, началникот на Генералштабот на турската армија, армискиот генерал Хусули Акар, командантот на копнените сили на Турција, армискиот генерал Чолак, командантот на морнарицата, адмирал Бостаноглу и командантот на воздушните сили, Унал продолжуваат да ги извршуваат своите фунции.
„За заменик-началник на командата на жандермијата е именуван генерал Јашар Ѓулер, додека за помошник-началник на Генералштабот на армијата е назначен армискиот генерал Умит Дундар“, наведе портпаролот Калин, додавајќи дека новоназначени се командантот на Борбеното воздухопловство и противвоздушната заштита, армискиот генерал Хасан Ќучукакјуз, командантот на првата армија, армискиот генерал Муса Авсевер, командантот на втората армија, армискиот генерал Исмаил Метин Темел и командантот за доктрини и обука на копнените сили, армискиот генерал Тахир Бекироглу.
Соопштувајќи дека командантот на третата армија, армискиот генерал Исмаил Сердар Саваш и командантот на армијата на Егејот, армискиот генерал Абдулах Реџеп ќе продолжат да ги извршуваат своите долчности, портпаролот Калин рече: „Донесените одлуки нека се за добро на народот и на војската“.