Nazlı Yüzbaşıoğlu
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкир, изрази целосна доверба дека членството на Турција во ЕУ е природен тек на случувања од историски и георгафски аспект и порача дека официјална Анкара е одлучна да го продолжи дијалогот на највисоко ниво поради заеднички интерес и врз база на заедничката визија за иднината да се развиваат односите помеѓу Турција и ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 9-ти мај, Ден на Европа, турскиот министер и главниот преговарач на таа земја со ЕУ, Волкан Бозкир, потсети дека тоа е роденден на идеата на ЕУ која стави крај на поделбата во Европа.
„Покрај институционалната структура, Европската унија е единствена и по своите вредности а и по култура. Турција е дел од Европа и нејзин мост кон Азија. Покрај тоа што географски поврзува два континенти, Турција има и важна улога во ширењето на современата вредност и човековите права", порача Бозкир.
Тој понатаму нагласи дека процесот на транзиција на Турција кон полноправно членствo во ЕУ воедно е процес на темелни политички, економски и социјални реформи, и потсети на зборовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој нагласи дека пристапот кон ЕУ е најважен процес на модернизација на Турција по нејзиното прогласување за Република.
Укажувајќи на реалноста дека Турција е основен фактор во надминувањето на заедничките предизвици на Европа, како што се проблемите на тероризмот и нелегалните миграции, Бозкир изјави дека процесот на зближување на ЕУ е интензивиран со ноемвриската посета на претседателот Ердоган на Брисел, а продолжен со самитот на лидерите на двете земји, а посебна парадигма доби и со неодамнешната препорака на ЕУ за укинување на визниот режим за турските државјани.