Harun Kutbe
27 Август 2021•Ажурирај: 28 Август 2021
АНКАРА (АА) - Авион на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), кој ги превезуваше турските војници евакуирани од Авганистан, слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, главниот град на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Евакуацијата на турските сили од Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул продолжува.
Припадниците на Турските вооружени сили прво со транспортен авион беа префрлени во Исламабад, главниот град на Пакистан, од каде што се пренесени во Анкара со летот ТК 6893 на компанијата „Туркиш ерлајнс“ .
Првиот авион кој ги пренесе евакуираните турски сили од кабулскиот Меѓународен аеродром „Хамид Карзаи“ пристигна во Анкара вчера.