Ali Murat Alhas
23 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
ТУНЏЕЛИ (АА) - Турција започна голема антитерористичка операција на истокот на земјата за неутрализирање на терористите на ПКК и за спречување на можни напади во претстојната зима, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 2.250 припадници на безбедносните сили, составени од жандармериски командоси и специјални полициски сили, учествуваат во операцијата „Киран-7“ во долината Мунзур, во источната турска област Тунџели.
Истакнувајќи дека бројот на припадници на терористичката организација од неодамна е многу опаднат, турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, рече дека ПКК е толку очајна што нејзините терористи се плашеле дури и да комуницираат едни со други.
Сојлу истакна дека терористичката организација во 2019 година успеала да регрутира само 108 нови терористи, за разлика од периодот кога оваа бројка изнесуваше дури 5.500, и додаде дека 221 терорист се предале на турските сили во текот на оваа година.
Локалните власти на Тунџели објавија соопштение дека операцијата, која има за цел го искорени присуството на терористичката организација во Турција, продолжува успешно со голема одлучност.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.