Ömer Olcay
23 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турските и руските вооружени сили ја изведоа 10. заедничка копнена патрола источно од реката Еуфрат во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се наведува дека заедничката патрола е спроведена во подрачјето на Рас ал Ајн и Камишли во североисточна Сирија.
Во копнената патрола учествуваа по четири копнени возила и беспилотни летала од двете страни.
Во соопштението се наведува дека патролата е спроведена на подрачје во должина од 38 километри и широчина од 9 километри.
Воените сили на Турција и Русија на 1 ноември ја изведоа првата заедничка патрола во рамките на „безбедносната зона“ во северна Сирија.
На состанокот меѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи, постигнат е договор меѓу Турција и Русија, според кој терористите на ЈПГ треба да се повлечат од планираната безбедносна зона во северна Сирија, и да се започне со заеднички, турско-руски патроли.