Diyar Güldoğan
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
АНКАРА (АА) – Турски авиони кои учествуваа во мисијата на НАТО над Егејското Море беа пресретнати од грчки авиони Ф-16 и беа попречувани во извршувањето на мисијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изворите, кои побараа анонимност поради ограничувањата за разговор со медиумите, рекоа дека двата турски авиони Ф-16 биле попречувани.
Штом грчките авиони го заклучија својот радар на турските воени авиони, турската страна одговори со полна сила.
Ова е вторпат оваа недела грчките авиони да го заклучуваат својот радар на турските авиони во мисиите на НАТО.
Во вторникот сличен инцидент се случи над Источниот Медитеран. Туркије проблемот го пренесе до властите на НАТО, а грчкото воено аташе беше повикано во Министерството за национална одбрана.
Изворите рекоа дека „Грција продолжува упорно да ги таргетира мисиите на НАТО за да ги зголеми тензиите“, а последниот инцидент со попречување докажува дека Грција го планирала потегот.
Изворите додаваат дека ова однесување е апсолутно некомпатибилно со духот на НАТО и претставува значителен ризик за безбедноста на летовите.