Burak Bir
11 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Два чамци на Грчката крајбрежна стража вчера пукале на ро-ро брод и тоа на 18 километри од турскиот југозападен брег Бозџаада, известува Агенција Анадолија (АА).
Товарниот брод „Анатолијан“ пловел под знаме на Коморските Острови со 18 членови на екипажот, од кои шест Египќани, четири Сомалијци, пет Азербејџанци и три турски државјани.
„Бродот е нападнат додека пловел во меѓународни води“, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража.
По инцидентот, Крајбрежната стража на Туркије испратила два чамци, а чамците на Грчката крајбрежна стража го напуштиле подрачјето.
Во соопштението се наведува дека никој на бродот не е повреден.
Бродот ја продолжил својата пловидба во придружба на два чамци. Започната е истрага во врска со инцидентот.
Командата на Крајбрежната стража на Туркије на својата веб-страница објави и снимка од вознемирувачкиот напад и мапа на која е означена локацијата на која се случил инцидентот.
Немилиот настан се опишува како чин што е „потполно спротивен на меѓународното право“ и Туркије побара од грчките власти итна истрага и објаснување за инцидентот.