Orhan Onur Gemici
10 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Беспилотно летало на Вооружените сили на Туркије го забележа моментот кога припадниците на Грчката крајбрежна стража ги потиснуваат нерегуларните мигранти во чамец во турските води, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије е објавено дека Крајбрежната стража на Грција вчера потиснала мигранти во турските води недалеку од Бодрум, што е забележано со беспилотно летало на Поморските сили на Туркије.
За настанот е известена и Крајбрежната стража на Туркије, која ги спасила мигрантите.
Турското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави снимки од настанот.